Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ГРАДОТ ВО ПРАЗНИЧЕН ДУХ: Новогодишен базар на плоштадот во Скопје

МК Сцена

ГРАДОТ ВО ПРАЗНИЧЕН ДУХ: Новогодишен базар на плоштадот во Скопје

И оваа година се подготвува интересна содржина за жителите на градот, по која ќе ја запомнат 2016та година. Од 24ти декември се отвора портата на Новогодишниот базар на улица „Македонија“ во Скопје. Базарот кој ќе трае 8 дена со себе ќе ја донесе новогодишната магија во главниот град.

Базарот покрај понудата на интересни подароци за претстојните празници ќе im понуди на граѓаните и богата музичка програма. За најмалите е подготвена детска програма, секој ден од 10.00 до 13.00 часот. Истата вклучува новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и Златно Славејче, многу детски игри, изведба на претставата на Брашко, дружба со Петко но и детско воодушевување преку изведбите на волшебниот настап на магионичарот Кристијан.

Музичката програмата во попладневните часови започнува со новогодишни after-work забави и завршува во 22.00 часот со настапи на македонски изведувачи. Настапите на Sarah Mace, ConTruDј, Back Door Band, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бенд се само дел од програмата.

Улица Македонија овие денови ќе има целосна Божиќна атмосфера и преку сетовите на, Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi и други. Како одличен додаток на претпразничната забава ќе бидат и грееното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата храна. За повеќе информации и детали во однос на програмата на Новогодишниот базар 2016 може да се посети и официјалниот настан на facebook

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.