Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Green Beach #10 со супер-промо цена за првите фестивалски билети!

МК Сцена

Green Beach #10 со супер-промо цена за првите фестивалски билети!

Green Beach #10 со супер-промо цена за првите фестивалски билети!

Започна продажбата на билетите за десеттото, јубилејно издание на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ кој оваа година ќе се одржува на 1-ви и 2-ри август на фестивалската локација кај хотел „Еуротел“ во Струга!

Првите влезници се достапни со најповолната цена со дури 50% заштеда во однос на нивната финална цена односно само 700 денари за фестивалски (дводневен) билет. Оваа, earlybird продажна акција се спроведува само онлајн и со многу ограничен број на влезници кои се достапни за купување на www.mktickets.mk, до истек на залихите.

Грин Бич, по повод одбележувањето на 10-тиот јубилеј, ова лето ќе се одржува со дводневна програма, а веќе се потврдени и првите хедлајнери со чии имиња Фестивалот ја продолжува својата традиција да претставува ексклузивни и премиерни настапи во Македонија на врвни изведувачи од светската електронска сцена. Во четврток, 1-ви август за отворањето на фестивалот ќе биде задолжен апсолутниот лидер на актуелната електронска сцена, еден од најголемите светски продуценти и симболот на Берлин како светска престолнина на современата електронска музика, ПОЛ КАЛКБРЕНЕР (PAUL KALKBRENNER)!

Втората вечер, во петок, 2-ри август е резервирана за настапот на швајцарскиот диџејски тандем АДРИАТИК (ADRIATIQUE) кои важат за највозбудливото техно/хаус дуо во моментов и кои исто така премиерно гостуваат пред македонската публика и тоа со ексклузивен 4-часовен сет.

Потврдените настапи на овие изведувачи повеќе од доволно алармираат дека фановите на најквалитетниот електронски музички фестивал во земјава, треба да бидат навистина брзи за да ја искористат супер-промотивната понуда на билети, бидејќи големиот интерес наговестува и нивно брзо распродавање, а наскоро пристигнуваат и нови засилувања во програмата за јубилејниот Green Beach #10.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.