МК Сцена
Игор Џамбазов го промовираше спотот за фолк-хитот „Жаклина“
Популарниот актер, водител, шоумен и пејач Игор Џамбазов го промовираше спотот за песната „Жаклина“ кој го сними во мај.
Станува збор за преработка во џез-варијанта на еден од најголемите македонски фолк-хитови создаден во 1990 година од битолската легенда Цане Николовски и групата „Елита“.
„Го завршивме спотот. Некогашниот огромен фолк-хит доби и своја џез-верзија во аранжман на Симеон Ангеловски. Благодарност до Кинотека на Македонија, каде што е сниман спотот,. Очекувајте ја наскоро ‘Жаклина’, освежена, подмладена, во ново руво, со нов лик. „Жаклина ривајвал“, напиша тогаш Џамбазов.
Спотот го режираше Гоце Трајковски, а во улогата на Жаклина се појавува познатата македонска професорка од „Корчагин“, ТВ автор и водител, Татјана Алексиќ.