Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Интересна година за актерот Жарко Димоски: Во време на пандемија се ожени, пееше на „Макфест“ и сними спот со неговата вереница! (ВИДЕО)

МК Сцена

Интересна година за актерот Жарко Димоски: Во време на пандемија се ожени, пееше на „Макфест“ и сними спот со неговата вереница! (ВИДЕО)

На 35-то јубилејно издание на „Макфест“, кое се одржа пред неколку недели во Штип, за првпт на сцената го видовме и младиот и познат актер од „Театар Комедија“, Жарко Димоски.

Талентираниот актер, а богами и пејач за првпат се претстави со авторска песна на овој фестивал и успеа да ги собере симпатиите на љубителите на македонската музика.

Жарко настапи со неговата „Ајде да наздравиме“, песна на која како текстописец се потпишува лично тој, додека за музиката и аранажманот беше задолжен добро познатиот Валентино Скендеровски.

– Целата приказна започна уште многу пред овој „Макфест“, композитори ми нуделе свои дела но некако бев убеден дека се уште е дојдено моето време како пејач, се држев до глумата и до пеењето во претстави. Се до еден момент, кога со Валентино Скендеровски на една наша средба не решивме да правиме песна. После појавувањето, а и на самиот настап на фестивалот, песната помина одлично, се најде на неколку топ листи, а на некои е и прво место веќе неколку недели – вели Жарко.

Инаку за ова негово првенче, тој сними и видеоспот, во кој главната улога покрај него ја има и неговата вереница Андреа Јосифова.

– Еве, конечно излезе и спотот кој што е малку поразличен од жанрот на песната, раскажува една приказна за “артистите” откако ќе се изгасат камерите и рефлекторите, кога “sвездите” ќе останат сами пред огледалото, сите нивни, радости и таги, борбата со себе си, потрагата по музите итн…Оставам на гледачите сами да одлучат како таа “борба” завршува – истакнува тој.

Инаку Жарко нема да застане тука со својата пејачка кариера, напротив тој веќе подготвува нешто ново, а негова искрена желба е да направи и свој музички албум.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.