Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ирена Спировска- новата водителка на Фолк вечер на „Охрид фест“

МК Сцена

Ирена Спировска- новата водителка на Фолк вечер на „Охрид фест“

Во годината на јубилејот на „Охрид фест“, водителка на Фолк- вечер е популарната Ирена Спировска, омилено тв- лице што, верувале или не, има 30. годишно професионално искуство, точно колку што трае фестивалот.

– Радосна сум што ќе имам можност да се појавам на сцената на „Охрид фест“ за неговото 30-то издание – вели Ирена. – Фолк вечер на „Охрид фест“ е преубав спој на новосоздадената песна и уникатната убавина на величествениот Охрид, па токму затоа е омилен помеѓу изведувачите, авторите и публиката. Три децении придонес за македонската музичка сцена, голем број музички хитови и незаборавни музичко-сценски доживувања се за секоја почит и, од срце го честитам јубилејот на „Охрид фест“. Инаку, сите изминати години редовно ги следев случувањата на „Охрид фест“: понекогаш во публика а некогаш пред тв- екранот. Од сега ја чувствувам возбудата што оваа година за прв пат ќе можам да ја доживеам на сцена фестивалската магија на фестивалот и што организаторите ми ја укажаа честа за јубилејното издание.“

Инаку, Ирена својата кариера ја започна токму во националнит сервис, во МТВ пред 30 години, и уште во првите години беше дел од редакцијата за народна музика.

– Во тоа време МТВ секоја година организираше избор за ФОЛК ХИТ НА ГОДИНАТА во Универзална сала, настан на кој во живо се исполнуваа 12-те најпопуларни песни ( според официјален избор на Хит на месецот на МТВ), по што присутната публика гласаше и го избираше хитот на годината. Иако бев многу млада, имав можност неколку пати да бидам водител на овој настан на кој учествуваа најголемите фолк имиња- се сеќава Спировска.

Понатаму Ирена неколку години по ред беше водителка, заедно со Орце Гелевски, на Тетовскиот Фолк- фест а го водеше и Фолк- фестивалот ЦВЕТНИЦИ.

– Но, најголема чест за мене беше застанувањето на сцената на ВАЛАНДОВСКИОТ ФОЛК ФЕСТ, пред точно 25 години, кога заедно со колегата Ѓорѓи Калајџиев ја добивме можноста да го продолжиме она што со години беспрекорно го правеа доајените на спикерството и водителството- Лилјана Крстева и Благоја Крстевски.“

Потоа следуваа и ангажманите на ФОЛК ФЕСТ РОСА, ЛЕШОЧКИ ФОЛК ФЕСТ…фестивалот на Дувачки оркестри во Пехчево, јубилејни концерти на фолк легендите – Сузана Спасовска, Милан Завков, Наум Петрески, Јордан Митев, Н.А.ТАНЕЦ, голем број културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли, и еве сега, во биографијата може да се додаде „Охрид -фест“. Се чини, во нејзиното богато водителско искуство, недостасуваше само тој дел.

Се гледаме на 1 и 2 септември, на „Охрид-фест“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.