МК Сцена
Калиопи и Жељко Самарџиќ со емотивна промоција на песната „Знам“ пред македонската јавност (ФОТО)
Македонската поп-дива Калиопи Букле и познатиот српски пејач Жељко Самарџиќ ја промовираа нивната нова песна „Знам“ пред македонската публика во „Аудиокултура“ во Скопје.
Присутен на настанот беше и авторот на песната, Ромео Грил. Жељко Самарџиќ истакна дека е привилегиран што успеал да сними песна со уметник како Калиопи.
Песната е балада која на прво слушање го освои регионот. „Знам“ е биографска песна, а според Калиопи, тоа е повеќе од песна.
– „Оваа песна ме успори малку и тоа навистина ми требаше. И јас во последните неколку години, како и сите вие, доживеав работи кои не натераа да размислувам“, изјави Калиопи.
Набргу Калиопи ќе ја објави и втората нова песна, потпишана од Ромео Грил, а во план се и нов албум и песна на македонски јазик со која ќе биде најавена турнеја низ Македонија.