Ким Кардашијан го збуни интернетот – вели дека многу го сака поранешниот сопруг Кање Вест
Ким Кардашијан го збуни интернетот – таа на својот инстаграм профил објави фотографија на која позира со своите деца и Кање Вест со кого е во процес на развод. За да биде ситуацијата почудна, таа на овој начин му го честитала роденденот на раперот, со уште позбунувачка порака.
– „Среќен роденден, ќе те сакам цел живот“, стои во пораката на Ким.
Неколку часа по објавата, сликата собра повеќе милиони лајкови, а фановите не кријат во коментарите колку се збунети од оваа објава.
Познатата американска старлета Ким поднесе барање за развод од раперот на почетокот на оваа година. Тие сепак се согласиле да продолжат заедно со воспитувањето на нивните четири деца.