МК Сцена
Колегијална роденденска честитка за ДНК (ВИДЕО)
По повод 20-годишниот јубилеј на ДНК и претстојниот концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“ многу нивни колеги, пријатели, соработници … подготвија и спакуваа интересно видео во кое кажаа што прво им паѓа на памет кога ќе им го споменат името на дуото ДНК, која им е омилена песна и, секако, кој е поубав Панчо или Андреј.
Што кажаа Каролина, Наум Петрески, Перо Антиќ, Елена Ристеска, Таско, Јанг Дади, Ферус, Бени Нон стоп, Борис од Дупер, Сузана Гавазова, Теа, Сергеј Ќетковиќ, Сара Јо, Антониа Гиговска, Лозано, Иван од Либеро бенд, Сара Мејс, Зоки Фаци, Миле Кузмановски … слушнете и видете во видеото во продолжение.
Панчо и Андреј се пресреќни и воодушевени од гестот.
„Навистина прекрасно изненадување. Видеото во исто време не насмеа и не разнежни. Од срце им благодариме на сите кои сте одвоиле време да бидете дел од честитката. Се гледаме на 3 декември во „Борис Трајковски““, велат Панчо и Aндреј.