Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

КОНЦЕРТ „КИНЕМАТИКА“: Дуке Бојаџиев создаде музички мост помеѓу филмот и душата

МК Сцена

КОНЦЕРТ „КИНЕМАТИКА“: Дуке Бојаџиев создаде музички мост помеѓу филмот и душата

Концертот „Кинематика“, кој се одржа во Македонската филхармонија, беше многу повеќе од музички настан. Дуке Бојаџиев ја однесе публиката во светот на филмската музика, која ќе биде неговиот главен фокус во иднина.

Овој концерт не само што ги спои уметностите на филмот и музиката, туку го истакна и безвременскиот ефект на звукот да допре до срцето и душата на слушателите.

Маркетинг

Во настапот беа вклучени и некои од најпознатите македонски музички имиња: Михајло Михајловски, Милена Тодороска Мургоски, Марија Димитријевиќ, Енис Аљи и други, кои заедно го донесоа духот на филмските композиции. Во текот на концертот, Дуке сподели лични приказни за соработките со музичките уметници и како тие влијаеле на неговото музичко патување.

Бојаџиев истакна дека Македонија е расадник на таленти и никогаш не се изненадува од бројот на музички дарови кои ги има нашата земја. Во текот на вечерта беа изведени композиции од филмови како „Патување пеш“, „Устав на Република Хрватска“, „На се ќе дојде крај“, „Војната заврши и „До балчак“.

Концертот достигна кулминација со темата „Танго до балчак“, која беше изведена од Дуке Бојаџиев, што на публиката и донесе едно незаборавно музичко искуство.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.