МК Сцена
Крушево го одбележува 44. роденден на Тоше Проески со концерт „Ангел си ти“
Во сабота, 25 јануари, во спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево ќе се одржи концерт во чест на 44-от роденден на македонската музичка легенда Тоше Проески. Настанот, под наслов „Ангел си ти“, започнува во 12 часот и ветува емоции и сеќавања на безвременските хитови на Тоше.
Под диригентската палка на Аделина Колева, на сцената ќе настапат вокалната формација „Оренда“, составена од 30 пејачи, вокалниот состав „Графити“, како и младите солистки Нела Манческа и Дорис Димовска. Посебен придонес ќе даде прилепската група „Локдаун“, која редовно го оживува духот на Тоше на своите настапи.