МК Сцена
Лила Филиповска ја изненади мајка си за 80. роденден: „Те сакаме мамо, да ни живееш уште долго!“
Македонската водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска, позната по тоа што својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста, направи исклучок за еден посебен повод. На својот профил на Instagram, таа сподели фотографии од семејната прослава за 80-от роденден на нејзината мајка.
Во домашна атмосфера, мајката на Лила ги дувна свеќичките на торта украсена со рози, опкружена со најблиските. На фотографиите се појавуваат и синот на Лила, Филип, како и нејзиниот брат со семејството. Иако нејзината сестра не можела да присуствува физички, таа се вклучила преку Viber, за да биде дел од овој емотивен момент.