Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Љубов си ти“ е музички проект и видео исполнето со многу убавина и радост

МК Сцена

„Љубов си ти“ е музички проект и видео исполнето со многу убавина и радост

Браќата Сапламаеви, познати и како SAP Brothers, во саботата го извадија видеото од најпозитивниот музички проект кој што може да се објави во овие денови. Бранко и Влатко успеаја да вклопат музика, хумор, страст, љубов и глума во една голема креативна целина благодарение на уникатноста која ја носат во себе. Таа очигледно беше совршено надополнета и од страна на нивниот продуцент и пријател Ѓорги Вацев.

„Единственото нешто што го сакаме во моментов е на спонтан и ненаметлив начин да ви ги оттргнеме мислите од секојдневието и да ве поканиме во еден поинаков, и барем за нас, интересен и забавен свет.“, вели Бранко Сапламаев, постариот од двајцата.

„Оваа е наша приказна, но мора да признаам дека си земавме и малку уметничка слобода за да ја раскажеме на поинаков начин. Ние се фокусираме на музиката, љубовта, имагинацијата и смеата и затоа го направивме ова. За забава и задоволство, наше и ваше.“, порачува Влатко Сапламаев, другиот член на дуото.

Што мислите за „Љубов си ти“ од SAP Brothers и главната улога на секогаш прекрасниот Арон, нивниот златен ретривер?

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.