Магија на Шопен во Филхармонија
Овој четврток, во 20 часот, во големата сала на Филхармонија, концертен рецитал ќе одржи пијанистот Кристијан Каровски. Концертот е насловен „Магијата на Шопен“ и ќе бидат изведени дела од еден од големиот романтичар и пијанист – Фредерик Шопен.
КристијанКаровски е роден во Скопје, во семејство на музичари-пијанисти.Уште од најмала возраст доаѓа до израз неговиот голем и невообичаен талент за музика. Како особено талентирано дете, своето музичко образование го започнува во класата на проф.Људмила Романова,а го заокружува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Борис Романов, каде дипломира и магистрира со највисоки оценки и почест “Cum laude”.
Неговата концертна дејност започнува на 9 годишна возраст со изведба на сериозни дела од литературата за пијано. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Кристијан Каровски израснува во пијанист со врвни професионални перформанси и изразита индивидуалност. Покрај многу бројните солистички концерти настапува и со
Симфониски оркестри со концерти од железниот пијанистички репертоар (В.А.Моцарт,П.И.Чајковски,Е.Григ,К.СенСанс,С.Рахманинов,С.Прокофјев,Џ.Гершвин…). Сите негови концертни настапи се одликуваат созрелост и оргиналност во музичкиот израз. Во повеќегодишната педагошка дејност Каровски се афирмира како истакнат пијано педагог. Неговите студенти покажуваат извонредни резултати на државни и меѓународни натпревари (на кои се лауреати и освојувачи на награди) и претставувања на солистички концерти и настапи со Македонската филхармонија. Паралелно со педагошката дејност Каровски одржува солистички концерти закои е карактеристично што секој од нив има нова програма. Во моментов е вонреден професор на катедрата по пијано на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје.