Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонија стои, Таксират постои!

МК Сцена

Македонија стои, Таксират постои!

Дваесет и две години по ред, Таксират Фестивал e малата коцка во градењето на културниот живот кај нас.

ПИН ТВ е целодневна програма, спакувана во телевизиски формат со времетраење од 13 ЧАСА, која ќе биде ексклузивно емитувана на 13-ти ДЕКЕМВРИ (недела), под наслов “24 hour NO party people”, на МРТ 3, како и Фејсбук, Јутуб каналите на Таксират Фестивал и единствената музичка конференција ПИН.

Нејзиниот карактер е динамичен, а нејзината цел е на уникатен и наш начин, да ги документира сите случувања од светот на креативната индустрија во изминатиот период.

Целата програма ќе биде бесплатна за гледање, споделување и уживање во искуството на стотици музички професионалци, пријатели и соработници од 40 различни држави.

Дознајте што ПАПАТА бара во рајдер за бекстејџ, кои се омилени бендови на ХЕЛСИНКИ од LA CASA DE PAPEL, кои песни ги обожава ROCCO SIFFREDI, дали ќе го биде EXIT FESTIVAL, POHODA или GLASTONBURY, дали е потребно музичко ЕКСПОРТ биро во Македонија, како да се заработи од ТИК ТОК, колкави хонорари се вртат во светот на музиката…

Но, не е само тоа, Таксират екипата, тивко и дисциплинирано изработи точно 20 КОНЦЕРТИ! Ќе имате можност екслузивно да ги гледате на 13-ти на ПИН ТВ, но и цел останат декември – месец традиционално резервиран за Таксират Фестивал.

СУПЕРХИКС, БЕРНЕЈС ПРОПАГАНДА, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, ЉУБОЈНА, ЏАМБО АГУШЕВ, победниците на Лузер Фест – CUT YOUR NIPPLE, АНТОНИЕ ВЕСКОВСКИ, ФАНКИ ФРЕШ, ПЕРИЈА, ЈОН АЈДИ, ТОКА ШИТЕТ, ќе ви ја доловат убавината на Скопје кое ќе биде и домаќин на изведувачи од Уганда, Канада, Словачка, Грција, Чешка, Франција, Белорусија, како и три бенда од земјата фокус на овогодинашниот ПИН ТВ – Германија.

Гледајте ПИН ТВ на Таксират #22 – вашиот традиционален филтер на чист воздух.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.