Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонскиот интернационален музички проект RIS FLOWER, со нов сингл „Hearts So Cold“

МК Сцена

Македонскиот интернационален музички проект RIS FLOWER, со нов сингл „Hearts So Cold“

Нашиот интернационален музички проект RIS FLOWER, од денес во светскиот етер е присутен со нов сингл: „Hearts So Cold“.

По неговото последно издание „Live Power Session“ (последно нешто снимено во веќе легендарната „Универзална Сала Скопје”), Борис Цветановски a.k.a RIS FLOWER, на музичките сладокусци им носи нова песна која со својот специфичен ритам, модерен звук и моќни, енергични вокали е најава за првиот албум на Ris Flower кој ќе се реализира во 2022 година.

– „Во време кога на глобално ниво срцата се насекаде ладни, единствено љубовта е нешто што може да ни даде сила, енергија и топлина.

Време е да кажеме громогласно “НЕ!” и да се бориме против негативните влијанија кои се почесто секојдневно не опкружуваат. Верувам дека пораката која ја пренесувам преку мојата нова песна “Hearts So Cold” ќе допре до луѓето и ќе ги охрабри во овие ладни времиња.” – вели Цветановски.

Со промоцијата на оваа песна, Ris Flower ја промовира и својата прва колекција за облека под името „Flowear“ (@theflowear) чија тема се текстовите од песните на Ris Flower.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.