Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Митрик и Самарџиски ја најавуваат втората сезона на аудио-серијалот „ROOMANIA“

МК Сцена

Митрик и Самарџиски ја најавуваат втората сезона на аудио-серијалот „ROOMANIA“

Митрик и Самарџиски ја најавуваат втората сезона на аудио-серијалот „ROOMANIA“

Предизвикот на клупската култура е да најде начин за опстанок во „живот”, преку прилагодување и промоција на онлајн платформи. Тоа е единствениот начин кој моментално се применува и им дава можност на артистите да се промовираат. Се разбира дека не е ни приближно еднакво со настаните во живо, но од друга страна им отвара нови креативни погледи на промотерите на електронска музика.

Промотерската асоцијација “Room 313”, која промовира модерна електронска музика, е една од ретките која го прифати новиот предизвик и продолжи да работи на своите цели. Во продолжение, Митрик и Самарџиски за нивниот нов проект.

Размислувајќи како би се прилагодиле на новото време, дојдовме до идеја за нов проект. Новиот проект на кој работиме го именувавме “Roomania” и е серијал на аудио подкасти, диџеј миксови, во кој низ музичко-тематски сезони селектираме и промовираме соодветно избрани артисти.

Со нашиот микс ја затвораме првата сезона која ја нарековме “Пештера од раце” или “Cave of hands”, во која самиот дизајн и естетика симболизираат временска оддалеченост од живите клупски настани каде физичката блискост на диско подиумот и дигнатите раце беа синоним за добра забава. Во “Roomania”, презентираме еден специфичен електронски звук, едноставен, а сепак комплициран по својата едноставност, кој извира од романската модерна електронска сцена и доби големо признание последните години. Со секој од артистите правиме посебно интервју преку кое ги доближуваме читателите до музиката на артистот и општо до културата која ја презентираме.

Музиката која ја прикачуваме на нашиот Soundcloud профил е бесплатна, со тоа правиме социјален импакт. Секој, колку сака и кога сака може да ги преслушува нашите изданија и да ги споделува на социјалните платформи. Во ова време на предизвици, секој заслужува да има малку простор за забава, (додека сите клубови се затворени) во своите домови и на места кои што се достапни, каде може да се слуша ново издаден квалитетен музички звук.

Иако најдовме начин како да функционираме во моментот, живите настани не можат да се заменат во ниедна форма. Се надеваме за скоро ќе се изнајдат посебни протоколи по кои ќе може да се организираат настани и “Roomania” проектот ќе го доживее својот подем и физичка реализација.

Дотогаш, следете ги социјалните мрежи на “Room 313”, преслушајте ги издадените епизоди и очекувајте нови, возбудливи и модерни електронски изданија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.