Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Младиот Петар Петковски од „Фамилијата Марковски” со престижна номинација на Сараевскиот филмски фестивал

МК Сцена

Младиот Петар Петковски од „Фамилијата Марковски” со престижна номинација на Сараевскиот филмски фестивал

Младиот Петар Петковски од „Фамилијата Марковски” со престижна номинација на Сараевскиот филмски фестивал

Младиот актер Петар Петковски кој ја толкуваше улогата на Бојан во македонската ТВ-серија „Фамилијата Марковски” доби престижна номинација на Сараевскиот филмски фестивал кој ќе се одржува од 13 до 21 август.

Тинејџерот кој се бореше против социјалните неправди и минуваше низ младешките предизвици со бунтовност и храброст во овој ТВ производ, е номиниран за наградата „Срце на Сараево” во категоријата „Ѕвезда во подем”. За признанието ќе се „борат” и регионалните глумци Александар Димитријевиќ за серијата „Клан”, Ивана Зечевиќ за „Група”, Јана Бјелица за „Фамилија” и Каја Шишмановиќ за „Црно-бел свет”.

Сараевскиот филмски фестивал, што оваа година ќе го има своето 27-мо издание, за првпат ги воведува наградите за ТВ серии, со цел промоција на најдобрите регионални ТВ серии и нивните автори и актер(к)и. Шеснаесет ТВ-серии од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Словенија, кои биле премиерно прикажани од 01.09.2019 до 31.05.2021 година, се номинирани за наградите„Срца на Сараево” што ќе се доделат во шест категории: Најдобра драмска серија, Најдобра комедија, Најдобар креатор на серија, Најдобар актер, Најдобра актерка и Sвезда во подем.

„Фамилијата Марковски” е единствената серија со номинација од Северна Македонија. Серијата се емитуваше во текот на 2017 и 2019 година и беше примена со огромен интерес особено кај младата публика, заради ликот на Бојан Марковски што за Петар, кој тогаш имаше 15 години, беше прво искуство пред камера.

Проектот „Фамилијата Марковски” е во продукција на „Арт проект лаб”. Првата сезона беше овозможена од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) додека втората е поддржана од European Endowment for Democracy (EED) и National Endowment for Democracy (NED). Режисер на серијата е Даријан Пејовски, а останатите главни улоги покрај Петар Петковски, ги толкуваа Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Силвија Стојановска и Александар Микиќ.

Премиерата на првите две епизоди од втората сезона се случи токму на Сараевскиот филмски фестивал во 2019 година како дел од програмата „Гала пред-премиери”, заедно со уште четири балкански серии од новата продукција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.