МК Сцена
МНТ и Националниот театар на Унгарија потпишаа меморандум за соработка
Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, и режисерот Дејан Пројковски престојуваат во официјална посета на Будимпешта, каде беше потпишан меморандум за соработка со Националниот театар на Унгарија (Nemzeti Színház), еден од најзначајните театри во Европа.
Со овој договор, МНТ и Националниот театар на Унгарија стануваат партнери, со што се отвораат можности за размена на претстави, уметници и идеи, како и заедничка реализација на театарски проекти.