Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МРТ ОБЈАВИ: Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2020

МК Сцена

МРТ ОБЈАВИ: Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2020

Васил Гарванлиев и е познат на македонската публика уште од најраната возраст, кога на само седум години го испеа познатиот детски евергрин „Марионка“ на фестивалот „Златно славејче“.

На 12 години заедно со неговото семејство се селат во САД каде станува дел од светски познатиот детски хор во Чикаго. Негово образование по соло и оперско пеење го стекнува на некои од најпрестижните музички школи во светот вклучувајќи ги „Академијата Лирика“ во Милано, престижниот Кралски Консерваториум и Оперската Школа при Универзитетот на Торонто во Канада.

Прогласен за најмлад, но и еден од најбараните баритони во Канада, тој за време на својата дваесет и пет годишна кариера има испеано над 50 главни оперски улоги, меѓу кои се Дон Џовани, Фигаро, и Лепорело, и како солист во најеминентните фестивали во светот како Банф, Малборо, Бритен-Пеарс и Грахтен.

Неговиот вонсерски талент го препознале и голем број светски музичи ѕвезди меѓу кои Chance the Rapper и YoYo Ma.

Во 2018та година, Васил одлучува да се врати во Македонија, посветувајќи се на креирање автентична музика инспирирана од македонските корени.

Неговото враќање во Македонија е одбележано со песните „Ѓердан“, „Патувам“ и „Мојата Улица“, надополнети со извонредниот акустичен концерт во живо со сплет на македонски евергрини – Дом. Патување. Љубов. – како и голем солистички концерт насловен „Мојата Улица“ во Струмица.

Васил исто така минатата година беше дел од успешниот евровизиски тим во Израел во улога на придружен вокал на Тамара.

“Да бидам избран од страна на МРТВ како преставник на Македонија на овогодинешната Евровизија во Ротердам, за мене преставува огромна чест, но и одговорност. Ќе дадам се од себе да ја преставам Македонија уште еднаш во најдобро можно светло, како што тоа го правев и во изминатите дваесет и пет години настапувајќи низ целиот свет. Им благодарам на сите што се дел од ова мое музичкo патување и се гледаме во Ротердам.“

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.