МК Сцена
Најпривлечна и најшармантна водителска двојка: Марјана Станојковска и Васил Зафирчев, домаќини на „Охрид фест“:
Во многуте традиции што за време на своето постоење ги создаде „Охрид-фест“, најомилена е водителската двојка на Интернационалната вечер, Марјана Станојковска и Васил Зафирчев. Тие двајцата едноставно се толку уиграни, така привлечно доминираат на сцена што се разбираат и со поглед. Плус, фантастично танцуваат и се големи љубители на музиката.
– За мене е задоволство и уживање повеќе годишната соработка со „Охрид -Фест“, фестивалот кој речиси три децении континуирано ја негува македонската народна и забавна музика, ги обединува најзначајните музички имиња од регионот, гради музички мостови на пријателство, им дава одлична можност за промоција на младите а воедно ги афирмира и промовира вечните убавини на Охрид и на Македонија – вели Зафирчев. – Инаку, со прекрасната Марјана не врзува долгогодишно пријателство и соработка, а покрај модерацијата, не обединува и љубовта кон музиката и танцот. Се радувам што и годинава заедно со неа ќе бидеме домаќини на Интернационалната вечер на фестивалот и ќе се дружиме со изведувачите и публиката на сцената на „Долни Сарај“.
– Со Васил сме супер тим- се надоврзува Марјана. – Ми одговара неговата енергија, неговиот сензибилитет, одлично се согласуваме. Тој е првенствено голем уметник, кој поседува извонреден талент и за сценски движења, токму затоа и кога се подготвуваме за „Охри фест“ одлучуваме да вметнеме некоја интересна танцова кореографија со која ќе ја изненадиме публиката. Да се работи со него претставува вистинска чест и задоволство.
Патем, многу ја сакам музиката и се радувам на „Охрид фест“, бидејќи е единствен фестивал што гради регионални мостови на музиката и како што потенцира уметничкиот директор на Интернацоналната вечер, Горан Шарац- “Охрид- фест“, тоа е како Евровизија на Балканот. Се гледаме на 3 септември во Охрид!“