Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Нокаут“ го промовираше спотот за макфестовската победничка нумера (ВИДЕО)

МК Сцена

„Нокаут“ го промовираше спотот за макфестовската победничка нумера (ВИДЕО)

Иако во моментов живееме во еден исклучително тежок период на социјална дистанца , намалени контакти, финансиска криза, „Нокаут“ се реши да внесе малку свежина во етерот.

Денеска тие го промовираа спотот за макфестовската победничка тема „ Сакам да живеам“, на која како автори се потпишаа Огнен Неделковски,  неговиот син Филип и самиот Пере.

– Режијата е на Јован Куциноски, со кој го рабоетвме и видеото на „Позитивно“. Спотот е снимен на локации во Маврово и во Охрид. Се надеваме дека успеваме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите кои ги носи самата песна – изјави Никола Перевски – Пере на денешната промоција.

Бендот го најави и документарниот филм со работен наслов „ Би се викал Нокаут“ во режија на нивниот драг пријател Владимир Митревски Ѓуле.

Тој заедно со неговата екипа последниве неколку месеци  не следи секаде каде што одиме и лови интересни моменти од нашите настапи, проби, дружби. Во него ќе бидат вклучени и песните од новиот албум , кои се снимени во живо , само за потребите на    документарецот.Ветуваме необичен видео документ со многу необична приказна – откри Перевски.

Новиот , четврти студиски албум на „Нокаут“,  е во завршна фаза. Дел од песните кои ќе се најдат на изданието се веќе објавени. А дел од нив се комплетно нови. Неговата промоција се планира за почетокот на следната година. На промоцијата беше претставено и новото ребрендирано лого, кое ќе биде белег на следни проекти  бендот. Дизајнот на логото го направи Андреј Марјановиќ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.