Нов „заразен“ хит на Лара Иванова: Слушнете ја „Осамена“ (ВИДЕО)
Нема сомнежи дека оваа 2021 година е година на младата пејачка Лара Иванова. Со нумерата „Некогаш ќе помине“, која ја објави пред само пет месеци, дефитивно таа ги освои симпатиите на публиката.
Потоа следуваше „Кој е сега крив“, песна со која исто така ги доби аплаузите од музичките критичари, а се разбира и оние најважните, а тоа се слушателите.
Но, Лара не губеше многу време за нејзината следна песна. Таа вчеравечер на социјалните мрежи „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Спотифај“ ја промовираше нејзината најнова песна.
„Осамена“ е насловот на новата композиција, позади која повторно се потпишува истиот тим како и за претходните песни. Иле Спасев – музика и аранжман, додека како автор на текстот стои името на Робин Зимбаков.
Се разбира, Лара и овојпат не го криеше задоволството за оваа соработка.
– Песната е во брз, модерен ритам, во стилот на двете мои претходни песни “Некогаш ќе помине” и “Кој е сега крив” кои одлично поминаа кај нашата, но и странската публика, па затоа решив да продолжам во тој правец. Можам да кажам дека веќе имам создадено свој круг на публика која ме поддржува и со нетрпение ја чека секоја моја нова песна, а тоа секако ме охрабрува и поттикнува да продолжам да работам на создавање на нови песни, нови проекти и соработки – вели младата Лара.
Инаку режисер на овој видеоспот е Владимир Митревски – Ѓуле, на кого му е прва соработка со младата ѕвезда, која се пофали дека идејата била нивна заедничка.
– Спотот за “Осамена” е снимен во студио, идејата беше заедничка – моја и на Ѓуле, и можам да кажам дека успеавме да ја доловиме енергијата која сакавме да ја прикажеме. Јас сум презадоволна од соработката со сите оние кои беа вклучени во изработката на спотот, снимањето беше многу забавно и интересно, а крајниот производ – одличен. Оосбено морам да се заблагодарма на SIGMA Jewelry, а посебна благодарност сакам да упатам до Miniso и Soloprom, кои со мене се уште од самиот почеток на мојата кариера и за нив можам да кажам дека се едни од најголемите љубители и поддржувачи на македонската музика – истакна Лара.
Инаку Лара не планира да го намали темпото на работа, напротив, таа со својот тим веќе работи на идните проекти. Со други зборови, во иднина очекувајте само квалитетна музика.
Сега уживајте во спотот, а доколку ви се допаѓа, споделете на вашите социјални мрежи: