„Охрид фест – Охридски трубадури 2019“ најавува силен бран нови композиции
„Охрид фест – Охридски трубадури 2019“, еден од најстарите фестивали во Македонија во своето 26-то издание најавува силен бран нови композиции со квалитетен призвук и изразување.
„Оваа година го подигнавме критериумот на повисоко ниво со изборот на композиции и директен разговор со учесниците за аранжманите и изведбите“ – вели Цане Петров, уметничкиот директор на фолк вечерта која ќе се одржи на 5-ти септември оваа година. Неговите очекувања се да изненадат дебидантите, кои сериозно тргнале по патот на успехот и квалитетот.
Петров кој е долгогодишен музичар инструменталист, го посочува својот позитивен пример во кариерата, кон помладите со искуство уметници:
– „Ќе го спомнам мојот бенд (Биоритам) кој буквално го почна својот успешен пат на сцената на Охрид Фест со легендарната песна за “Садило”. Како дебитанти го освоивме првото место од публиката во конкуренција со најголемите фолк имиња.“
На фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури 2019“ се запаметени најпознатите музички имиња без кои неможе да се замисли еден ваков реномиран фестивал, како од Македонија така и од соседните држави.
Како уметнички директор на фолк вечерта веќе 7-ма година, Петров овој пат најавува прекрасни песни и изведби, текстови и аранжмани кои ќе влезат во Антологијата. – „Им препорачувам на слушателите и гледачите да не го пропуштат ова издание на Охридски Трубадури и нека уживаат во новите песни и рефрени кои грижливо сме ги одбрале“.
Трите вечери на фестивалот кои се состојат од фолк, поп и интернационални изведби ќе се одржат на 5-ти, 6-ти и 7-ми септември во препознатливиот дух на „Охрид фест – Охридски тубадури“.