МК Сцена
Овој викенд ќе се одржи 28. издание на „Охрид фест“ на сцената на Долни Сарај во Охрид
Се е подготвено за 28-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“ што ќе се случува на 10 и 11 септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, со фолк и интернационална вечер.
Ќе слушнеме добри песни, две вечери исполнети со музика која преставуваат мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината, а меѓу познатите изведувачи ќе видиме и многу ѕвезди од екс ју.
На првата, Фолк вечер ќе слушнеме 17 песни, уметничкиот директор е Цане Петров, традицонално, водителката е Каролина Петковска, а во ревијалниот дел ќе настапи групата „Легенде“ од Србија.
Во втората, Интернационалната вечер ќе се престават 20 изведувачи: покрај македонските интерпретатори, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји, од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија. Уметничкиот директор е Горан Шарац, водителката е Маријана Станојковска, а во ревијалниот дел ќе настапи Владо Калембер.
На „Охрид фест“ доследно ќе се почитуваат сите мерки за заштита од пандемијата.