МК Сцена
Пере од „Нокаут“ и неговатa ќерка Миа ја промовираат „Месечевиот сјај“ (ВИДЕО)
Групата „Нокаут” го одбележа почетокот на годината со промовирање на својата најнова песна, насловена „Месечевиот сјај”. Оваа изведба е особено значајна бидејќи бендот соработува со најстарата ќерка на Никола Перевски, Михаела Миа Перевска, која инаку е пратечки вокал во бендот.
Прекрасниот дует на татко и ќерка носи свеж звук и емоции на публиката. Музиката за песната е дело на Никола Перевски, кој исто така е автор и на аранжманот, во соработка со Миа Перевска. Текстот е напишан од Дуке Бојаџиев, а пост-продукцијата и мастерингот се изработени од страна на Дарко Димитров.
Од бендот кратко порачуваат – Не застануваме тука!
Во продолжение слушнете ја песната: