Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Перо Христов во ревијалниот дел на „Охрид-фест“

МК Сцена

Перо Христов во ревијалниот дел на „Охрид-фест“

На 27-мото издание на „Охрид-фест“ што на 11 септември ќе се случува на сцената на Долни Сарај во Охрид, во ревијалниот дел ќе настапи Перо Христов, кој неодамна прослави 5 децении богата музичка кариера.

-Со големо задоволство на „Охрид-фест“ ќе испеам десетина мои најдобри, најслушани песни и од забавен и од народен период- ни рече Христов додавајќи:

-Педесет години музичка кариера е половина век континуитет, половина век искушенија. Добра песна, лоша песна, награди, признанија.., мојата работа ја делам на два дела: од 1969 до 1979 година- аматерски музички период на забавната музика но можеби и најтежок. Ја добив наградата „Златен глас на Македонија за млади пеачи“ и, паметам, бев второ пласиран млад пеач во Врање, СФРЈ. Потоа, учествував на Суботица- фест, на Скопските забавни музички фестивали и снимав околу дваесет забавни мелодии од најдобрите македонски автори- Славе Димитров, Масевски, Бранџолица, Џамбазов, Кире Костов, Ванчо Димитров и др.

Вториот, уште поважен период започнува од 1987 година со Фолк-фест Валандово и искачување до самиот врв во новокомпонираната македонска песна, со околу 70 учества на музички фестивали во нашата држава, откаде произлегоа легендарните хитови: „Во црно вино утеха нема“, „Една ѕвезда една солза“, „Заборави ме“, „Нема живот Ангелино“, „Неможам љубов да кријам“… Од забавните би ги издвоил – „Капка среќа“, „Евридика“, „Не плачи мајко“, „Засвири нешто од Битлси“ и др.

За некој ден, не чека прекрасна фестивалска вечер на најубавата сцена на Балканот, на Долни Сарај. Потсетуваме дека „Охрид-фест“ ќе биде реализиран според сите утврдени и одобрени протоколи од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.