Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пласидо Доминго за Македонија: „Едвај чекам да настапам во вашата прекрасна земја!“

МК Сцена

Пласидо Доминго за Македонија: „Едвај чекам да настапам во вашата прекрасна земја!“

Познатиот светски тенор Пласидо Доминго, кој е еден од најголемите уметници на сите времиња, испрати ексклузивна видео-порака до македонската публика, изразувајќи огромно воодушевување што ќе има прилика да настапи во Македонија.

– „Едвај чекам да настапам во вашата прекрасна земја, Македонија!“, рече Доминго во својата видео порака, изразувајќи големо задоволство што ќе биде дел од овој концерт.

Маркетинг

Пласидо Доминго е ѕвезда на светската опера, со кариера која трае повеќе од 50 години. Освен што е познат по своите настапи како тенор, тој е и признат диригент, а неговиот репертоар вклучува повеќе од 150 улоги, со над 4,400 настапи. Неговото име е познато низ светот и благодарение на неговото учество во „Тројцата тенори“, како и бројните награди, меѓу кои и 12 Греми награди. Доминго не само што е иконски пејач, туку и основач на престижниот натпревар за пеење Опералија, кој има цел да ги промовира младите таленти.

На сцената во „Борис Трајковски“ заедно со него ќе настапат и Марија Жозе Сири, која е една од најголемите сопрани во светот, и Жорди Бернасер, врвен шпански диригент. Доминго, кој има настапувано во најреномираните оперски театри во светот, заедно со овие уметници ќе создаде незаборавен уметнички момент за македонската публика.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.