МК Сцена
ПО ЕДНА ГОДИНА ПАУЗА: „Ареа“ го престави новиот сингл „Те спомнувам“ (ВИДЕО)
Ареа после една година повторно има нова песна поткрепена со видео запис, насловена како „Те спомнувам“.
Песната е целосно авторско дело на членовите на групата – текст, музика, аранжман, снимање и продукција.
– Спотот е сниман на неколку локации во нашиот роден град Гостивар, во Градскиот парк, рок барот Pink Floyd и на сцената во Домот на културата.Режисер на видеото е Кристијан Шемко. Генерален спонзор на спотот е исто така успешна фирма од Гостивар, Циклама инжинеринг – вели Ивица Брчиовски.
Во него покрај членовите на Ареа, се појавиваат и Елена, ќерка на Ивица и Ружица Брчиоски, во улога на придружен вокал и млади артисти.
– Им благодариме од срце на Ана, Маги, Леила, Теодора, Виктор, Росица, Ема и Војкан кои направија овој спот да биде исполнет со ведрина и радост.На крајот на краиштата животот е радост и така треба и да биде- дополнува Брчиовски.