Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почина маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор

МК Сцена

Почина маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор

Почина маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор

Маестро Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор почина денеска во Скопје, на 85-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја потврди неговиот син, актерот Игор Џамбазов.

-Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој… – се вели во објавата на Инстаграм профилот на Игор Џамбазов.

Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

Автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Џамбазов има реализирано безброј снимки и концерти во живо во земјава и во странство. За својата работа доби над 40 награди и признанија во Македонија и Југославија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и наградата на Град Скопје „13 Ноември”.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.