Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија

МК Сцена

Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија

Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија

Во организација на Текстилно Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија и во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден кластер оваа сабота во домот за Млади во Штип се одржа модниот перформанс наречен “Денови на текстилната индустрија – промоција на младата генерација” во склоп на проект од ИПА пограничната програма Бугарија – Северна Македонија “Модерната текстилна индустрија како привлечна кариера за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион јули 2019 – ноември 2020”.

Текстилната индустрија во прекуграничниот регион има важна улога за економиите на двете земји, обезбедува значително високи приходи од извоз и придонесува кон одржливо регионално вработување. Индустријата има потенцијал за раст, но нема млада, иновативна и креативна работна сила. Додека текстилните компании значително ги подобруваа условите за работа и ги почитуваат принципите на добра општествена одговорност на компаниите, учениците се уште не се свесни за тоа и не гледаат во овој сектор потенцијал за идно вработување.

Целта на овој настан на кој претходеше посета на производни капацитети од ученици од основните и средните училишта, како и менторска работа со дизајнерката Ирина Тошева, беше да се воспостави соработка меѓу образованието и бизнис секторот во насока на прикажување на потенцијалите на текстилната и модната индустрија кои би ги привлекле учениците по школувањето да станат дел од овие гранки.

_„Ацо Русковски“ БеровоIMGL1485_„Димитар Мирасчиев“ (Штип)5„Димитар Мирасчиев“ (Штип)3„Димитар Мирасчиев“ (Штип
<
>

“Преку стимулација на креативното изразување на младите ученици и студенти и со голема поддршка на нивните професори, успеавме да развиеме модели кои покажаа дека кај младите постои голем потенцијал за вклучување во текстилниот сектор”, – изјави Наташа Сивевска, директор на текстилниот кластер.

На капсулните колекции направени од текстилен отпад работеа ученици од пет средни текстилни училишта: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар” – (Македонска Каменица), Ванчо Прке“(Виница) и „Методи Митевски-Брицо“ (Делчево) и студентите од Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” (Штип).
Иницијативата започна во декември 2019, а заврши со модна ревија која се случи оваа сабoта во Штип. За време на настанот гостите можеа да ја погледнат и изложбата на модни скици изработени од учениците, инспирирани од “Современата текстилна индустрија“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.