МК Сцена
ПРОМОЦИЈА НА ВТОРИОТ РОМАН: „Другата“ на Марија Лозаноска
Романот „Другата“ на авторката Марија Лозаноска утревечер (среда) со почеток во 19 часот ќе ја добие својата официјална промоција во книжарницата „Матица ексклузив“ на ул. „Македонија“.
Покрај новиот роман, на промоцијата ќе има и изложба на рачно изработен накит, кој е направен од самата авторка и е инспириран од настани и ликови од книгата.
Издавач на вториот роман на Марија е „Матица“.
Првиот роман на младата писателка „Големото Л“ беше промовиран во 2012 година.