Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ПРВ КОНЦЕРТ ВО 2021: Рибља Чорба доаѓа во Скопје во слава на лајв музиката

МК Сцена

ПРВ КОНЦЕРТ ВО 2021: Рибља Чорба доаѓа во Скопје во слава на лајв музиката

ПРВ КОНЦЕРТ ВО 2021: Рибља Чорба доаѓа во Скопје во слава на лајв музиката

Авалон продукција го најавува нивниот следен концертен проект, првиот за 2021 година- Riblja Čorba во Скопје на 27-ми јуни, на платото пред А1 Арена.

– „Судбината сакаше после девет месеци од нашиот последен одржан концерт, концертот на Бајага и Инструктори во септември минатата година, првиот нареден концерт да биде баш со бендот во којшто Бајага порасна и се изгради себеси како артист- Рибља Чорба, сигурно еден од најголемите рокенрол состави на Балканот на сите времиња.“ – велат од продукција во соопштението.

Бидејќи изминатата година беше неверојатно тешка за членовите на бендот, сакавме во оваа прилика да ви се обрати и Бора Ѓорѓевиќ (човекот којшто несомнено ќе се изучува како поет во српската книжевност), со своја изјава која интегрално ја пренесуваме:

– „Jako nam je drago da u Skoplju otvaramo koncertnu sezonu. Uvek smo se radovali svirkama u Makedoniji između ostalog zato što Makedonci znaju da cene dobar rokenrol i što svi imaju sluha i pevaju ko slavuji. Istovremeno smo i tužni jer nam je korona odnela Mišu Aleksića. Njegov duh će biti sa nama 27 juna u Skoplju, ispred hale Boris Trajkovski. Daćemo sve od sebe da svi budemo zadovoljni koncertom. Voli vas Riblja Čorba“.

Старите љубители на рокенролот, а Рибља Чорба како природен феномен на концертите има и неверојатно млада па дури и малолетна публика, паметат дека големата југословенска турнеја за легендарниот албум „Мртва природа“ (на којшто се наоѓаат хитовите „Волим жене“, „Нечу да испаднем животиња“, „Пекар, Лекар, Апотекар“, „На западу ништа ново“….), се викаше „Ко преживи причаче“. Времево во кое и ние и Рибља Чорба ја отвараме новата концертна сезона е баш такво. Има ли поголем доказ дека навистина од судбината не се бега?!

Важно: Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени во четврток во 21:00 часот.

Во слава на лајв музиката! – велат од Авалон продукција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.