Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Раде Шербеџија со емотивен концерт во Скопје – вечер полна со музика, поезија и сеќавања

ФОТО: Инстаграм

МК Сцена

Раде Шербеџија со емотивен концерт во Скопје – вечер полна со музика, поезија и сеќавања

Синоќа, Македонската филхармонија беше сведок на незаборавна уметничка вечер каде што Раде Шербеџија со својот препознатлив глас, харизма и актерска енергија ја претвори сцената во интимен простор исполнет со емоции.

Особено трогателен момент беше изведбата на „Елено ќерко“, која актерот ја посвети на девојката која го загуби својот живот во сообраќајната несреќа на „Партизанска“, Фросина Кулакова и нејзиното семејство. Оваа изведба, во дует со Јана Стојановска, создаде вистинска музичка магија, оставајќи ја публиката без здив.

Маркетинг

Во текот на концертот, Шербеџија рецитираше стихови од Крлежа и Чехов, со носталгија зборуваше за своите пријатели кои веќе ги нема – Арсен Дедиќ, Кемал Монтено, Ѓорѓе Балашевиќ, Мето Јовановски, но и за неговиот бурен живот, кој бил исполнет со премрежја, патувања и љубов кон уметноста.

Во преполната сала, публиката имаше можност да ужива во неговата уникатна изведба, каде што секој стих, секоја песна и секој раскажан миг носеше посебна тежина.

Концертот заврши со неговиот вечен заштитен знак, рецитирањето на легендарната „Не дај се, Инес“, со што овој мајстор на сцената уште еднаш докажа зошто со децении плени со својот талент.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.