„Шубее дубее Мариа“ е новата песна на „Браќата Нуне“ (ВИДЕО)
Песната „Шубее дубее Мариа“ е новата песна на братското дуо музичари „Браќата Нуне“, која беше промовирана пред неколку дена.
На албумот ќе има над 10 песни, меѓу кои ќе бидат и двете од соработката со Есма. Поголем дел од песните се веќе готови, на неколку од нив се работи и се надеваат дека сето тоа спакувано ќе биде промовирано до крајот на година. Овој албум под наслов „Некст левел“ ќе биде идаден од странска издавачка куќа, за европскиот и светскиот пазар.
-Ова е прва песна од албумот „Некст левел“, за кој идејата ја добивме по неколку проби со различни аранжани. И албумот ќе биде со песни во мешани стилови, поп- рок, шпански, за различни вкусови. Ова го направивме за да многу луѓе си најдат свое омилено парче музика, но и по сугестија што е она што го сакаат низ светот. А каде ние во иднина ќе се пронајдеме, ќе видиме. Како ќе се создаваат песните, така ќе се движиме. Важно е да биде музика за сите вкусови, вели Филип, кој за прв пат се јавува и во улогата на пејач.
-Додека да дојде време да најдеме кој да пее, продуцентот не посоветува јас да го направам тоа. Сакавме и женски вокал, но на крајот по неколку проби излезе дека, спеак, добо е јас тоа да го отпеам или, пак, мојот брат раде. Но, изборот падна на мене, вели Филип.
За оваа песна за музиката и аранжанот беа задолжени Филип и Раде Нуне, текстот е на Огнен Неделковски, видео обработката и фотографијата е на Дуле Јанев, Никола Коцев и Александар Гелевски. Снимена е во студиото на „Nune Brothers“, а во продукција на Горан Гешовски.