Симон Трпчески со македонски дрес настапи на концертот во рамки на „Македонската недела“ во Букурешт
Македонскиот пијанист Симон Трпчески вечерва одржа концерт во Букурешт, Романија, во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт.
Почесни гости на овој настан беа македонските репрезентативци кои утре ќе се натпреваруваат во вториот дуел. овој пат против селекцијата на Украина.
Трпчески важи за верен навивач на македонската фудбалска репрезентација, па така објави неколку фотографии додека престојувал во Букурешт и бил на првиот дебитантски натпревар на Македонија минатата недела на својот фејсбук профил.
![](https://static-xx.files.pplarno-cdn.popularno.mk/wp-content/uploads/2017/01/logo-2017-2.png)