Сите патишта водеа кон Прилеп – Цеца настапи на „Пивофест“ (ФОТО)
Сите патишта за љубителите на ладното пиво, вкусната скара и убавата музика, синоќа водеа кон Прилеп.
Огромен број на граѓани од сите градови на нашата земја, дојдоа во градот под Марковите кули за да бидат дел од годинешното 17-то издание на „Пиво фест 2019“.
Синоќа свои настапи имаа Светлана Ражњатовиќ – Цеца, Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ и составот Кантурови.