МК Сцена
Скопје за старт на европската турнеја на DERUN
Мега популарното музичко дуо од Турција Derun доаѓа на европско тло и ја носи енергијата од забавите во Тулум. Тие доаѓаат во Скопје по тримесечната турнеја низ Јужна и Средна Америка, и токму од тука, од Скопје ќе го стартуваат европскиот дел од истата.
А нема подобро место за старт на уште една убава и успешна приказна од првиот музички бар (Intermezzo music bar) и во рамки на Интермецо музичките ритуали – фестивал кој имаше и свое летно издание, а кој почна со одличниот настап на Space Motion.
Интермецо музичките ритуали како и секогаш нудат најдобра музика и енергија во градот, а овој петок (со почеток во 21 часот) доживуваме ново музичко патување со безвременските артисти Derun. Нивните музички сетови се концентрирани на софистицирана и мултикултурна електронска музика, преовладуваат етно и балкански ритми, со длабоко ниво на експресија кое ќе ве понесе да танцувате како никогаш досега.
И тоа не е сè, дел од сценариото на музичката приказна за која веќе се зборува ќе бидат и Нико Диамантопулос, Христос Фуркис, Крис ИДХ, Валерон, Тебра, Ланка, Сатори, Оливер…