Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопскиот џез фестивал и годинава со силна интернационална програма

МК Сцена

Скопскиот џез фестивал и годинава со силна интернационална програма

Скопскиот џез фестивал и годинава со силна интернационална програма

Годинешниот 39-ти по ред Скопски џез фестивал ќе се одржи во својот стандарден термин, од 14-17 октомври.

И покрај евидентните предизвици, поради бројните ограничувања што ги донесе кризата со корона-вирусот, подготовката на програмата го имаше императивот за сочувување на високиот интернационален карактер на фестивалот и традицијата тој да го нуди најдоброто од џезот и импровизираната музика.

Познати изведувачки имиња од Европа и Македонија ќе одржат концерти во живо во салата на Националната опера и балет.

Фестивалот ќе го отвори, премиерно кај нас, дуетот на двете балкански ѕвезди Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов. Од Македонија учество ќе земат: специјалниот фестивалски проект на Тони Китановски и неговиот „мал биг-бенд“, потоа триото на Сашо Поповски со концертна промоција на новиот албум, како и сосема новата формација на Светлост + Одрон Ритуал Оркестра. Од Шпанија доаѓаат водечкиот фламенко гитарист Чикуело и не помалку реномираниот пијанист Марко Мезкида, од Австрија култните Радиан, од Хрватска пијанистот Матија Дедиќ кој ќе одржи соло рецитал со музиката на неговиот славен татко, а фестивалот ќе го затворат легендарните француски браќа Стефан и Лајонел Белмондо со својот квинтет. Плус, со цел одржување на традиционалните врски на фестивалот со американските и норвешките џез музичари, кои овојпат не можат да патуваат вон своите земји, потврден е онлајн стриминг на три ексклузивни концерти што ќе се случат во Њујорк и Осло, специјално за Скопскиот џез фестивал: триото на Вилијам Паркер, со Ава Мендоза и Џералд Кливер, дуетот Крис Дејвис / Ингрид Лауброк и големиот ансамбл на Тригве Сеим.

Бесплатен онлајн стриминг ќе биде обезбеден за следење на сите концерти на фестивалот што ќе овозможи негова достапност во целиот свет.

Фестивалот ќе се реализира во согласност со протоколот за одржување на концерти во затворен простор, што практично значи дека во салата на Националната опера и балет ќе бидат дозволени само 220 седишта. Притоа, обезбеден е, за првпат, директен телевизиски пренос на сите концерти на националниот сервис на Македонската телевизија што, пак, ќе го направи фестивалот достапен на целата публика во земјата.

Сите детали за програмата на фестивалот и изведувачите се наоѓаат на веб-страницата www.skopjejazzfest.com.mk. Влезните билети за фестивалот ќе се продаваат само онлајн, почнувајќи овој вторник, преку продажната мрежа на mktickets.mk/, а билетарницата на НОБ ќе биде отворена исклучиво за време на фестивалските вечери, и тоа само во случај доколку останале непродадени билети за конкретната вечер.

Програмата на фестивалот годинава опфаќа и промоција на две нови ЦД-изданија на SJF Records: петтата албумска објава на Сашо Поповски Трио и првенецот на групата Next To Silence. Во рамките на фестивалот ќе биде доделена и наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2020 година.

ПРОГРАМА

14 OКТОМВРИ
Национална опера и балет
20:00 VLATKO STEFANOVSKI / THEODOSII SPASSOV (Македонија/Бугарија)
21:30 CHICUELO / MARCO MEZQUIDA (Шпанија)

15 OКТОМВРИ
Национална опера и балет
20:00 MATIJA DEDIC plays Arsen (Хрватска)
21:30 TONI KITANOVSKI LITTLE BIG BAND (Македонија)
Ексклузивен стриминг виа Њујорк
23:00 WILLIAM PARKER TRIO (САД)

16 OКТОМВРИ
Национална опера и балет
20:00 RADIAN (Австрија)
21:30 SVETLOST + ODRON RITUAL ORCHESTRA (Македонија)
Ексклузивен стриминг виа Осло
23:00 TRYGVE SEIM LARGE ENSEMBLE (Норвешка)

17 OКТОМВРИ
Национална опера и балет
20:00 SASO POPOVSKI TRIO (Македонија)
21:30 BELMONDO QUINTET (Франција)
Ексклузивен стриминг виа Њујорк
23:00 KRIS DAVIS / INGRID LAUBROCK (САД)

Сите детали околу програмата може да ги најдете на www.skopjejazzfest.com.mk.
Инфо за билетите на http://www.skopjejazzfest.com.mk/bileti.asp
facebook event: https://www.facebook.com/events/440661620126966/

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.