МК Сцена
Славенички концерт на Бајага и „Инструктори“ во Скопје (ФОТО)
Славеничкиот концерт на Бајага и „Инструктори“ вчеравечер го обои корона сивилото на скопјани и останатите кои дојдоа да го одбележат јубилејот од 35 години – успешна рокенрол приказна.
Иако стадионот на АРМ, каде што се одржува концертот има капацитет за 15.000 посетители, поради запазување на протоколите поставени поради пандемијата на коронавирусот, во продажба беа пуштени само 4.000 карти.
Бајага ги разбуди емоциите на присутните со големите хитови од нивната 35-годишна кариера, придружувани од хор и оркестар, а под диригентската палка на диригентот Војкан Борисављевиќ.
„Ова е мојот најголем концерт откако започна кризата со коронавирусот“, изјави Бајага пред присутните.
Како што најавија, ова е последен од низата концерти на Авалон продукција, се до завршувањето на пандемијата со коронавирусот.