МК Сцена
Со настап во живо, ЛАРА и нејзиниот бенд го отвoраат Пиволенд 2022
За првпат пред македонската публика, — и со настап во живо заедно со нејзиниот бенд составен од Јован, Итан, Филип, Димиш и Јана, младата пејачка Лара Иванова ќе блесне на craft-сцената на овогодинешниот Пиволенд. Лара ја има таа чест да настапи прва и да ја отвори оваа фестивалска манифестација.
Со нејзиниот талент за пеење ја освои македонската публика, а со нејзините песни докажа дека за македонската музика има иднина.
Вечерва на сцената на Пиволенд, Лара и нејзиниот бенд ќе отпеат и отсвират 12 песни, кои што се дел од нејзиното музичко портфолио.
„Некогаш ќе помине“, „Кој е сега крив“, „Душа“, „Јас против целиот свет“, „Цвеќе на тагата“, се само дел од хитовите на младата македонската поп пејачка Лара, кои што за првпат ќе бидат испеани во живо.
На сцената на Пиволенд се родија многу нови музички имиња, зачекорија големи музички ѕвезди и се испеани преку илјадници песни. Лара и нејзиниот бенд со нивниот премиерен настап и отворањето на Пиволенд 2022, ќе влезат во портфолиото на најголемиот македонски музички пивски фестивал.
По пауза од 5 години, денес започнува Пиволенд. Овогодинешната музичка манифестација наговестува 5 дневна програма со повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети кои ќе овозможат уште едно незаборавно издание на Пиволенд.
Оваа година, сите посетители на Пиволенд ќе имаат можност да си купат маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе донираат за здружението „Во мојот свет“.
Дојдете на Пиволенд вечерва од 19.00 часот, земете пиво, наздравете со пријателите и уживајте во убавата музика.