МК Сцена
Срѓан Марјановиќ на „Охрид фест“: Го сакам фестивалот и го обожавам Охрид
Срѓан Марјановиќ, кантавтор и писател, автор на 17 студиски албуми ама и на легендарните песни „Иди“, „Бебо не плачи“, „Ми смо један другом говорили ви“, „Имаш код мене велики плус“, „Кад једном пукнем ја“.., ќе учествува на 28-мото издание на „Охрид фест“.
И покрај константната присутност преку музиката, но и преку пишаниот збор, најголемата слава Срѓан ја доживеа во 80-тите години на минатиот век.
После „Пешчани сат“, песната што пред две години ја изведовте со Маја Оџаклиевска на „Охрид фест“, и годинава ќе имаме задоволство да ве видиме на фестивалот. Со што настапувате на „Охрид фест“?
– Ги сакам фестивалите. „Охрид фест“ има посебен шарм поради езерото и самиот град. Годинава ја имам песната „Нисам ти баш све рекао“, која патем го најавува и мојот истоимен, трет роман, што неодамна во издание на „Нова поетика“ се промовираше во Белград.
Што првите откако ќе пристигнете во Македонија? Имате ли пријатели тука, ја сакате ли нашата кујна ?
-Да, имам многу пријатели во Македонија. Го служев воениот рок во онаа прекрасна Југославија, во Битола. Сопругата по потекло беше од Охрид… Многу работи ме врзуваат за вашата земја, и се радувам секогаш кога ќе го го повторам дружењето. Се разбира дека ја сакам македонската кујна, вкусив скоро се…