МК Сцена
Тајзи ја „вози“ новата песна во латино ритам (ВИДЕО)
Откако пред две недели Тајзи ја промовираше песната „Вози“ на српски јазик, деновиве реши да ја пушти и македонската верзија која звучи како сосема различна песна.
Македонската верзија е авторско дело на Лазар Цветковски, со текст на Тајзи и е во латино ритам.
За кратко време, пејачот ветува нов македонски хит и тоа токму на неговиот роденден на 21 декември. До излегувањето на новата песна, останува да ја преслушаме „Вози“ во нов ритам.