МК Сцена
Тамара се врати – пречекана на скопскиот аеродром како победник (ВИДЕО)
Тамара Тодевска точно на полноќ слета на скопскиот аеродром, каде семејството и фановите ја пречекаа како прав победник на Евровизија.
Тодевска беше пречекана и од министерката Мила Царовска, како и од нејзиниот сопруг и нејзината ќеркичка Хана.
Се фотографираше со сите, а потоа кратко се обрати и кажа дека нејзиниот резултат на годинешниот Евросонг, кој впрочем е и најдобар резултат на земјата откако учествува на изборот за песна, е резултат на тимската работа и добрата подготовка во целиот тој период.
„Ви благодарам. Тоа што го видовте на евровисискиот настап е резултат на тимска работа, посветеност и љубов. Во финалето ни стана јасно дека сѐ вредеше. Многу сум среќна што направивме добар резултат иако искрено очекувавме повеќе“, рече Тамара по пристигнувањето на Скопскиот аеродром и ја запеја евровизиската песна.
Авионот со кој Тамара и нејзниот тим слета во Скопје од Тел Авив доцнеше неколку часа, поради силниот јужен ветер. Тамара им се извини на присутните за доцнењето и им рече „не беше наша вина што доцневме“.
На евровизиското финале Македонија се пласираше на осмото место, што е најголем успех досега. По гласањето на жирото Тамара беше на второ место со само 2 поена зад Шведска, а речиси до самиот крај беше на врвот на табелта. На крајот, по гласовите на публиката со скромни 53 бода, заврши на осмото место.
Погледнете како изгледаше дочекот: