МК Сцена
“Танец” ја отвора 74. сезона со Велигденски концерт посветен на Милан Завков
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ја започнува својата 74. сезона со голем Велигденски концерт.
Оваа година концертот е посветен на музиката на Милан Завков, кој ги создаде познатите кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“.
На концертот ќе бидат застапени и повеќе вокално-инструментални точки од други кореографски поставки, на кои стои потписот на големиот музички автор, композитор и аранжер, инструменталист, првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на Танец, Милан Завков.
Милан Завков е познат како еден од најдобрите хармоникари во Македонија, со над 150 авторски творби и безвременски народни хит-мелодии. Тој почина на 6 февруари 2023 година.