Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тони Зен со нов сингл кој никого нема да остави рамнодушен, а го најави и својот нов албум

МК Сцена

Тони Зен со нов сингл кој никого нема да остави рамнодушен, а го најави и својот нов албум

Музиката на Тони Зен отсекогаш била единствена мешавина на храброст и интелигенција. Важи за човек кој ги поместува границите и кој не прифаќа компромис во музиката. Веднаш по првите тактови на било која негова песна се препознава неговиот единствен стил. Пред многу години публиката го препозна, а со секое ново слушање на неговите песни тоа и го наградува.

По успешното пласирање на песната „Планот“, следува уште една која го носи насловот „Првата нота“. Ова е вториот сингл со видео запис според планот, на кој слушателите и гледачите нема да останат рамнодушни.

-„Првата нота“ те тера да мрдаш глава и тело. Многу сум задоволен затоа што се оствари оваа соработка помеѓу луѓето во кои верувам. Веќе кажав дека ова е само почеток. Наскоро следува и новиот, 7-ми албум во кои ќе бидат сите нови песни од потпишувањето на договорот со „Прагма продукција“ – вели Тони Зен

На видео записот се потпишуваат Владислав Гавриловски и Илија Димкоски, а музиката ја направија Нино Васков и Ики.

Премиерата на песната „Првата нота“ ќе биде во среда (10.08.2022) односно вечерва во 20 часот, на официјалниот “Youtube” канал на Тони Зен.

This slideshow requires JavaScript.

А додека ја чекаме „Првата нота“ на Тони Зен, уживајте во песната „Планот“.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.