Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ван Гог, Игор Џамбазов и Фиц (Студени Нозе) на третото издание на фестивалот „Skopje Unplugged”

МК Сцена

Ван Гог, Игор Џамбазов и Фиц (Студени Нозе) на третото издание на фестивалот „Skopje Unplugged”

Фестивалот на акустична музика, во организација на ЈУ „Универзална Сала“ и Град Скопје, „Skopje Unplugged”, го припрема своето трето издание, кое ќе се одржи во петок, (25-ти јуни), на кровот на паркингот во „Сити Мол“, со почеток во 18:30 часот.

Полека, но сигурно, „Skopje Unplugged” се наметнува на македонската мапа на музички фестивали и прераснува во препознатлив бренд на тн. „boutique” фестивал, со посебен акцент и третман на публиката. Исто така, „Skopje Unplugged” е единствениот фестивал кој третира исклучиво акустична музичка изведба и со тоа, создава едно посебно доживување за уживателите на живиот звук.

Оваа година на фестивалот ќе настапат милениците на македонската публика, регионалните рок легенди Ван Гог. Уште позанимливо е дека бендот за прв пат ќе се претстави во акустично издание, по незаборавниот настап во Белградска Арена, кој се одржа по повод 30 годишнината од нивното постоење. 

Публиката ќе има можност да ужива и во настапот на неповторливиот шоумен и еден од најактивните домашни музичари, Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе Бенд, а ќе можат и заедно со Фиц да ги испеат безвременските хитови на Студени Нозе.

Со почеток во 18:30 часот на 25-ти јуни, фестивалот го најавуваме како најголемата After-work rooftop sunset забава, која на самиот почеток на летото го означува враќањето на фестивалската сезона, после особено тешката година.

Поради почитување на протоколите препорачани од Владата и надлежните институции, влезниците ќе бидат во строго ограничен број, со единствена цел – запазување на сите мерки на претпазливост. Билетите може да се купат на билетарата во МКЦ, или електронски, на линкот https://bileti.mkc.mk/index.php?id=823, со промотивна цена од само 500 денари. 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.