МК Сцена
„Виртуелната американска танцова академија (ВАДА)“ во Скопје истакната како една од најуспешните програми на глобално ниво
На 29.06, со почеток во 19:00 часот во просториите на КСП Центар Јадро и преку хибридната панел дискусија на тројца предавачи од САД и неколку претставници на локалната танцова заедница ќе се заокружи првата фаза од програмата на ВАДА – Хибридна Американска Танцова Академија.
ВАДА / Виртуелна Американска Танцова Академија е проект на „Битрикс Културно-уметнички Центар“ поддржан од Американската Амбасада во С.Македонија и Американскиот Стејт Департман, кој има за цел да дејствува проактивно во правец на едукација на конституентите на танцовата заедница во земјата. Проектот им обезбедува на локалните танчари, кореографи, предавачи и/или претприемачи во културата да ги продлабочат своите знаења преку програма која вклучува практична и теоретска работа со предавачи од Соединетите Американски Држави.
Станува збор пионерски проект, не само во нашата земја, туку и пошироко, бидејќи се’ уште е еден од малкуте вакви примери во светот, кои на академско ниво ги опфаќаат уличните танци и сиот нивен опус, а како таков, ЕЦА – Бирото за едукација и култура кое оперира во рамките на Американскито Стејт Департман, од неодамна одлучи да го истакне како еден од најуспешните проекти кои беа реализирани во текот на целата измината година, на глобално ниво, од страна на Американскиот Стејт Департмент (U.S. Department of State), што е навистина значајно и ретко достигнувањ, а ја позиционира С.Македонија високо на светската мапа на танцот.
Во рамките на програмата, беа предвидени две фази од кои првата (јануари-јуни) вклучуваше онлајн танцови работилници со реномирани предавачи од Соединетите Американски Држави, а втората е предвидено да се реализира во септември, кога предавач од САД ќе дојде во нашата земја за да подготви перформанс со учесниците, со што уште повеќе ќе ги доближи до материјата.
Програмата беше конструирана на начин кој би ги подготвил младите за поквалитетно и поумешно да ги практикуваат и понатаму пренесуваат техниките на уличните танци, а истовремено создаде и единствена можност да се едуцираат во сферата на културниот менаџмент, ставајќи посебен фокус на менаџмент во танцот.
Програмата на академијата беше конструирана преку меѓусебната соработка на неколку организации, меѓу кои како носител се наоѓа Битрикс Културно-уметнички Центар од Скопје, поддржан од Амбасадата на САД во С.Македонија и Стејт Департмент САД, потоа КСП Центар Јадро и Младински Културен Центар како партнери од земјата и организациите „Американ Воисес“ (American Voices) и „Американ Денс Аброад“ (American Dance Abroad).
Со ВАДА, најквалитетните локални танчари, кореографи и сопственици на танцови центри добија можност преку стипендија бесплатно да ги следат часовите, а учество зедоа 70 танчари од Скопје, Куманово, Охрид, Струмица, Штип, Радовиш, Пробиштип и Гевгелија од танцовите клубови: Аква, Вајб, Битрикс, Еурека, Брејк А Лег, One Way, Соната, МАК Куманово и неколку независни учесници.