МК Сцена
Влатко Стефановски слави 50 години музичка магија со спектакуларен концерт во Филхармонијата!
По низата распродадени концерти низ Лондон, Виена, Осијек, Загреб и Белград, легендарниот Влатко Стефановски ќе ја заокружи својата 50-годишна музичка кариера со специјален јубилеен концерт во Македонската филхармонија на 9 мај во 20:00 часот!
Концертот ќе биде ретроспектива на неговата извонредна музичка кариера, од „Леб и сол“ до неговите соло проекти, збогатен со настапи на познати гости. Публиката ќе ужива во уникатен спој на инструментален рок, етно-џез, блуз и македонска традиционална музика.
![](https://static-xx.files.pplarno-cdn.popularno.mk/wp-content/uploads/2017/01/logo-2017-2.png)