Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Зафир Хаџиманов би се гордеел: Бојана и групата „Мерак“ го преработија неговиот познат хит од 1988 година (ВИДЕО)

МК Сцена

Зафир Хаџиманов би се гордеел: Бојана и групата „Мерак“ го преработија неговиот познат хит од 1988 година (ВИДЕО)

Зафир Хаџиманов би се гордеел: Бојана и групата „Мерак“ го преработија неговиот познат хит од 1988 година (ВИДЕО)

„Една ноќ ме зема, а сега те нема. Како лист ме скина, животот ми мина. Да си мерак песна да те испеам…“, се стиховите кои ја одбележаа далечната 1988 година. Темата “Да си мерак песна“ која тогаш на Макфест ја испеа легендарната Бисера Велетанлиќ, денес, после 33 години повторно ги оживеа пејачката Бојана Скендеровски заедно со составот „Мерак“.

Премиерата на композицијата се случи вчеравечер, песната официјално беше претставена на Јутјуб каналот на пејачката, а за идејата и реализацијата Бојана и момците од „Мерак“ го открија следново:

„Темата беше авангардна и за тоа време, така што решивме многу да не ја менуваме, не сакавме да додаваме или одземаме нешто на некое дело кое е маестрално само по себе. Ја освеживме со мали промени и тоа е се’“, рече Бојана.

Идејата за оваа преработка е на Марио, кој е фронтмен во составот „Мерак“ и кој го потпишува и самиот нов аранжман.

Првични автори, пак, се хрватскиот композитор Ивица Стамаќ, а текстот е на Зафир Хаџиманов кој Марио го контактирал пред неколку месеци за да побара дозвола за преработка, на што Зафир одговорил со воодушевување, но за жал не успеа да ја слушне.

„Зафир беше многу среќен што сме се сетиле на оваа песна и со задоволство ни даде дозвола за снимање на оваа преработка, сакаше да ја слушне веднаш штом ќе ја завршиме, но почина непосредно пред да ја промовираме и за жал не успеавме да му ја пуштиме“, раскажа Марио.

Видеото за новата верзија на “Мерак песна“ е снимено во студио Скендеровски, а како изгледа и звучи оваа маестрална нумера во изведба на Бојана Скендеровски и група „Мерак“ можете да погледнете во видеото во продолжение:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.