МК Сцена
„Заведи ме“: Ај Кју во летно еротско издание
Дуото Ај Кју ни праќа летен денси груви поздрав од Лондон преку новата песна „Заведи ме”.
За овој проект Бојан и Марија ги споија силите со Роберт Билбилов и се најдоа на иста бранова должина што резултираше во овој заводлив фанки-диско грув.
Се разбира, познати по своите скокотливо еротски текстови, и овој пат не изоставија да си поиграат со фантазијата на слушателот и да насликаат летна романса.